Потрагата по интересни студии на случај од општините е во тек
- Stojne Todorovska
- Jan 26
- 1 min read
Како дел од активностите за обука на општините во рамки на Интергрин проектот, партнерите во соработка со општините вклучени во истите започнаа со собирање на интересни локални примери за специфичните еколошки предизвици со кои истите се соочуваат, како и активностите кои општините ги спроведуваат за нивно адресирање.
Иако општините покажаа интерес да понудат повеќе вакви приказни, сепак, секоја од 6-те пилот-земји во кои се спроведува проектот ќе придонесе со 3 студии на случај кои ќе бидат презентирани на платформата за е-учење овде. Некои од темите што може да ги очекувате се: вода, отпад, енергија, транспорт итн.

Comments