Октомври 2024 година, партнерите го спроведоа првото тестирање на англиската верзија на онлајн играта. Главниот фокус на тестирањето беше да се осигура дека играта не само што работи правилно, туку дека дизајнот, како и самиот концепт се соодветни за вработените во општината.
Играта е развиена од Синтезис од Кипар и Еко Логик од С. Македонија. Истата, како и физичката игра, се замислени како дополнителна алатка за учење преку игра и преку дискусија помеѓу вработените во различни одделенија и сектори во општините.
По успешното тестирање и малите прилагодувања направени од тимовите, партнерите ќе продолжат со превод на содржината на играта, по што, истата ќе биде достапна на сите пет јазици - француски, италијански, португалски, грчки и македонски.

Comments