Прв меѓународен онлајн состанок на Интергрин проектот
- Stojne Todorovska
- Jan 26
- 1 min read
На 24 октомври 2024 година, конзорциумот го организираше првиот од двата меѓународни онлајн состаноци, предвидени во рамките на Интергрин проектот. Еднодневниот настан собра околу 50 луѓе, главно општински вработени од 6-те целни земји, и тоа: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Северна Македонија, вклучително и претставници од партнерските организации, инаку, активно ангажирани во изготвувањето на програмата за обука.
Главна цел на состанокот беше да се овозможи запознавање помеѓу општините кои учествуваа/ат во едукативните проекти на Интергрин, како и да се поттикне споделување на разлини искуства, мислења и знаења поврзани со локалните предизвици по животната средина и одржливоста на општините, како и проектите и иницијативите што истите ги спроведуваат за нивно адресирање.

Comments