About
Модул 1 е вовед во темата одржливост и клучните концепти и предизвици за негово постигнување. Модулот накратко ве запознава со некои од клучните глобални иницијативи за одржливост, правните рамки, договори и стандарди за мерење на усогласеноста на политиките и програмите со Целите за одржлив развој (ЦОР). Истиот има за цел да развие способност за креирање политики базирани на доказ, поради што и нуди и методологија за мониторинг и евалуација на локалните и национални акции и проекти преку кои се постигнува одржливоста. Модулот вклучува и краток преглед на Милениумските развојни цели (МРЦ), Целите за одржлив развој, принципите за добро владеење и локализирање на ЦОР. Преку модулот, учесниците во обуката ќе се стекнат со општо знаење и разбирање за тоа како треба да изгледа една одржлива општина, како општините можат да ја оценат одржливоста на нивните проекти, вклучително и, како да ги идентификуваат предизвиците кои го попречуваат постигнувањето на нивните цели за одржливост.
You can also join this program via the mobile app. Go to the app