Запознајте го тимот
Тимот на Интергрин проектот се состои од шест посебни тимови на координатори на проектот, инаку претставници на шест организации од шест држави и институции. Тимот на Интергрин, исто така вклучува експерти за стручно образование и бука, експерти за животна средина и одржливост, вклучувајќи и технички експерти. Мисијата на тимот е да гарантира исполнување на целите на Интергрин проектот, како и испорака на висококвалитетни производи до вас.
Партнери
Франција
ГИП ФИПАН е француска јавна институција, основана во 2002 година во Ница со главна цел да поддржи професионална обука и континуирано образование за возрасни. ГИП ФИПАН служи како алатка за менаџирање и развој на политики на ректоратот на Академијата на Ница. Неговата мисија е да развие соработка на академско ниво, како и: - Да понуди консултатски услуги на приватни компании во делот на менаџирање со човечки ресурси и професионален развој преку тренинг; - Да понуди поддршка за валидација на претходно учење (ВПУ) за дипломите од национална едукација; - Да понуди професионален развој преку обука на персоналот на Академијата на Ница и сл. ГИП ФИПАН има повеќе од 110 посветени индивидуалци кои работат во 10 различни сектори/одделенија.
Италија
ЧАПЕ (CIAPE)
ЧАПЕ е италијанска непрофитна организација, основана во 2009 година во Рим со главна цел да промовира инклузивно и иновативно доживотно учење. ЧАПЕ е специјализирана за креирање и спроведување на професионална и сертифицирани обуки за развој на меки вештини и професионален развој, базирани на потребите на трудот. Со повеќе од 100 успешно завршени европски проекти зад себе, ЧАПЕ располага со мрежа од повеќе од 300 партнери ширум Европа. Освен тоа, како докажан застапник за агилно работење и ко-работење, во 2018 година, ЧАПЕ лансираше целосно нов простор за ко-работа во Рим - „The Apartment". ЧАПЕ е целосно посветена на развој на инклузивно општество за учење во кое, секој поединец има право да учи и да ги развива своите вештини.
Португалија
ОПШТИНА ЛОУСАДА
Општина Лоусада е локална јавна институција во Северна Поргугалија, која управува со област од 96 км2 и речиси 50.000 жители. Лоусада е густонаселена област, во периурбан регион и се соочува со различни предизвици како: одржлив развој, квалитет на живот, стапка на писменост и сл. Мисијата на општината е да дефинира водечки стратегии и спроведе политики, мерки и програми во различни области, промовирајќи квалитетен живот и гарантирајќи висококвалитетни услуги за сите граѓани. Од 2015 година, општината е пионер во својата иновативни агенда за одржливост, интегрирајќи ги во своите активности, сите засегнати страни како: приватни компании, парохии, училишта, граѓански организации итн. Образовниот систем на Лоусада истовремено е трансформиран со едукативни содржини за еколошка акција преку локални проекти за зачувување на природата и мобилизација на локалното население. Освен тоа, територијата на Лоусада е уредена на начин кој овозможува заштита на приоритетни еко области, контрола на инвазивни видови и реставрација на деградирани делови. Сопствениците на приватно земјиште, исто така се вклучени во програмите за одржливост и поддршка заштита на биодиверзитетот, земјоделството и шумите. Еко програмата за поддршка на Лоусада предвидува активности кои придонесуваат за развој на циркуларна, партиципативна локална економија. Зеленото управување е приоритет на Лоусада, со надеж дека истото ќе придонесе кон посвесно и ефективно носење на зелени одлуки.
Грција
ДИАС ВЕТ е грчка образовна и советодавна организација, со седиште во Кардица. Организацијата е акредитирана од Грчката национална организација за сертификација на квалификации и стручно насочување–EOPPEP. ДИАС ВЕТ е основан во 2009 година и до денес има отворено уште две други оперативни канцеларии во Грција. Организацијата има добиено сертификат ISO 9001:2015 и како таква, имплементира систем за управување со квалитет. Програмите за обука на организацијата се внимателно креирани според меѓународните стандарди во областа на стручното образование. Визијата на ДИАС ВЕT е да стане конкурентна, европска организација за стручно образование и обука и да обезбеди можности за образование и обука, советување и поддршка за поединци и бизниси. Организацијата брои 11 вработени со полно работно време и 50 обучувачи/експерти со скратено работно време. ДИАС има искуство во развивање решенија за обука фокусирани на дигитално усовршување и вештини за одржливост, претприемништво и самовработување, зајакнување на зелените вештини на младите и постоечките претприемачи.
Кипар
СИНТЕЗИС е истражувачки и едукативен центар, лоциран во Никозија, Кипар. Организацијата е пионер и водечка организација во Кипар на полето на социјална инклузија и вработување, социјално претприемништво и одржлив развој. СИНТЕЗИС раководи и со добропознат ХАБ НИКОЗИЈА, кој функционира како едукативен центар и заедница од организации фокусирани на остварување специфични културни, еколошки и социјални цели. Како акредитиран провајдер на стручно образование и обука, СИНТЕЗИС се фокусира на развој на програми за обука кои ги зајакнуваат малите претпријатија и нивните вработени, како и ги подобруваат можностите за вработување на социјално исклучените лица. СИНТЕЗИС се стреми да учествува во акции кои го подобруваат индивидуалниот живот, ја подобруваат социјалната вклученост и придонесуваат за позелена и поодржлива иднина.
Северна Македонија
ЕКО ЛОГИК е непрофитна организација со седиште во Скопје. ЕКО ЛОГИК е посветена на заштита на животната средина, промоција на модерни еколошки практики, како и мониторирање и промоција на принципите на одржлив развој. Организацијата има силна позадина во развој и организирање на различни обуки во различни категории - за деца, млади, возрасни, како и силна мрежа од Европски, национални и локални партнери. ЕКО ЛОГИК располага со искусен тим од проектни менаџери, експерти во стручно образование и обука, како и одржлив развој. Освен тоа, ЕКО ЛОГИК има големо искуство во неформално образование на различни теми. Почнувајќи од 2011 година, организацијата е посветена на промовирање знаење и информации на теми како животна средина, екологија и одржлив развој.
Веб страната е развиена со поддршка на Европската Унија. Погледите и мислењата се единствено на авторот/ите и на никаков начин не ги рефлектираат гледиштата на Европската Унија. Ниту пак Европската Унија може да се држи одговорна за нив.
Бр. 2022-1-FR01-KA220-VET-000086582