top of page
Канцеларија со дизајн на маси

Учете со нас

Интергрин
програма за обука

Интергрин програмата за обука на општините е дизајнирана со намера да го зајакне вашиот тим со знаење преку кое ќе ви помогнат во вашата транзиција кон позелена и одржлива општина. Програмата за обука е модуларна, составена од 4 модули за учење, игра за забавно учење и вежбање и дигитални материјали за е-учење достапни за самостојно учење на далечина.

 

По успешното завршување на програмата, секој учесник ќе биде награден со сертификат „Општински советник за одржливост“.

Достапни модули за обука

Во овој дел ќе добиете општи информации за модулите за обука достапни во рамки на Интер-Грин програмата за обука.
 

МОДУЛ 1

Локализирање на Целите за одржлив развој (ЦОР)

Модул 1 ќе им помогне на учесниците да развијат вештини за лидерство, партнерство, развој на политики, програми и проекти за остварување на  целите за одржлив развој.

МОДУЛ 2
Зелени вештини и компетенции

Модул 2 ги запознава учесниците со најзначајните зелени вештини и компетенции како, зелени јавни набавки, одржливи извори на енергија, иницијативи за намалување на отпадот, градење одржлива инфраструктура и др.

МОДУЛ 3
Зелени студии на случај

Модул 3 нуди студии на случај на полето на одржливост. Преку модулот, учесниците ќе бидат запознати со интересните проекти и инициативи за одржливост, засновани на пристапот за локализирање на ЦОР.

МОДУЛ 4

Обука за обучувачи

Модул 4 ќе ги подготви учесниците за да го пренесат своето знаење на свои колеги во општината, како и на колеги во други општини, преку градење на нивните обучувачки вештини и мотивација да организираат еднодневни обуки.

Други достапни алатки

Интрегрин нуди едукативна игра во дигитална и недигитална верзија, чија намена ќе е практична примена на „зеените вештини научени преку Модул 2. Играта е забавен начин за учење и градење на тимот преку групна дискусија и играње улоги.

Освен обуката која се нуди преку лице - во - лице работилници, вклучително и комбинирано учење и споделување на знаење, Интергрин нуди и можности за далечинско учење преку платформа за е-обука.

Со цел да овозможи споделување знаење и добри практики помеѓу целните општини, Интергрин нуди онлајн дискусија преку онлајн настани и средби за општини, каков што е „саемот за зелени идеи“ и сл.

Финансирано од Европската Унија. Ставовите и мислењата изразените тука се исклучиво на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Агенцијата Еразмус+ Франција / Education Formation. Ниту Европската Унија, ниту надлежниот орган за доделување на грантови можат да се сметаат за одговорни за нив.

Project No. 2022-1-FR01-KA220-VET-000086582

bottom of page