На 21 мај 2024 г. партнерите во Интергрин проектот организираа онлајн тестирање на е-платформата за учење и веб страницата на проектот, на кое учествуваа триесетина луѓе - претставници на општини, експерти за одржливост, образование за возрасни и сл.
Настанот беше одлична можност за промоција на проектот, можност да се соберат различни мислења за активностите и особено за платформата, како и да се претстават претстојните активности, како што се: обуката, онлајн турнирот и саемот на зелени идеи што ќе се организираат со учесници од сите 6 држави: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и С. Македонија.

Comments